БОРБА НА ТАБОРИ

Дали НЛБ Скопје, третата по големина банка во Македонија е безбедна за штедачите?

Што се случува во НЛБ Банка Скопје, кога лица на високи одговорни позиции ја напуштаат? Штедачи, внимавајте каде ги чувате своите средства! Дали е на повидок македонскиот Credit Suisse?

Извор: google

Што се случува во НЛБ Банка Скопје, кога лица на високи одговорни позиции ја напуштаат? Штедачи, внимавајте каде ги чувате своите средства! Дали е на повидок македонскиот Credit Suisse?

Од внатрешни извори на банката дознаваме дека Помошникот на управен одбор и Директор на деловна мрежа, Маја Ставрева-Стојанова (искусен долгогодишен банкарски професионалец) ја напушта банката, заклучно со 31.03.2023, односно таа нема повеќе да биде дел од банката.

Станува збор за високо позициониран банкарски менаџер (веднаш под Управниот одбор), чие мистериозно и експедитивно заминување од Банката отвара многу прашања за кои јавноста мора да биде известена, заради македонските штедачи и воопшто клиентите.

Како што дознаваме од нашиот извор, изминатиот период во Банката се одвивале големи задкулисни игри, односно внатрешни подели на неколку табори, едниот табор е предводен од словенскиот локален менаџмент (Бранко Грегановиќ и Петер Зелен), другиот табор е зад поранешниот прв човек Антониот Аргир и третиот, за старото македонско јадро (групирани околу Игор Давчевски).

Нашиот извор потврдува дека во НЛБ Банката се случуваат тектонски промени со пристигнувањето на словенецот Петер Зелен во банката, за него дознаваме дека е личност со избувлив темперамент и хаотичен карактер, деспот како менаџер, кој во Словенија газел пред себе и не почитувал никој од вработените во Банката.

Истиот Петар Зелен добива дополнителна сила со пристигнувањето на Бранко Грегановиќ кој пред година дена доаѓа од Комерцијална Банка Белград, кој е сервилен на Зелен и чиј интерес се само бази на податоци и графици, а управувањето со Банката и целокупните кадровски прашања ги препуштил на „избувливиот“ Петар Зелен, кој впрочем моментално е правиот владар во сенка.

Поткрепен од моќта која ја црпи од централата во Љубљана во Банката ја донел својата интимна пријателка за Советник на управниот одбор, со цел нејзино инсталирање во Управниот одбор. Первезијата иде до толку што истиот бил и во блиски, интимни односи со Секторски директор, кој хиерархиски е под него, а во делот на ризици, која била страв и трепет во Банка и со чија помош работи на случајот за чистење и елиминација на неистомислениците во истата. Редакцијата на Конкуренција.мк го познава името на дотичната, но од почит кон семејството на истата нема да го сподели. Исто така симптоматично е што пред скоро време Банката мистериозно и експедитивно ја напушти и Раководителот на Службата за управување со ризици, кој едни го сметаа за инструментален и ударна тупаница на Словенците, а други за поврзан со Аргир (поради своето влашко потекло).

Дали последните потези на управата на НЛБ Банка Скопје идат во правец на девалвација на стручниот домашен кадар, на сметка на странци, во овој случај словенците?

Редакцијата на конкуренција.мк со внимание ќе ги следи и објавува сите информации в.в. НЛБ Банка Скопје, а во интерес на информирањето на јавноста.