Гувернерско слепило

Кој директор на банка мисли дека синот треба да го „учи“ занаетот на државна сметка во НБРСМ?

Со овој текст го продолжуваме серијалот наречен „Мојата етика е огледало на мојата кариера“, каде како втор на листата е Глигор Бишев, извршен директор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Вработувањето на неговиот син во НБРСМ секако е судир на интерес но исто така и недостаток на деловна етика од страна на искусниот банкар на раководна функција.

Со овој текст го продолжуваме серијалот наречен „Мојата етика е огледало на мојата кариера“, каде како втор на листата е Глигор Бишев, извршен директор на Шпаркасе Банка АД Скопје. Вработувањето на неговиот син во НБРСМ секако е судир на интерес но исто така и недостаток на деловна етика од страна на искусниот банкар на раководна функција.
Видлив непотизам каде свесно се покажува личното самоволие, вработувајќи го синот на позиција ПОМЛАД ВАЛУТЕН ДИЛЕР во Народна Банка на Република Северна Македонија.

Но, да почнеме од почеток:
Кога млад човек (читај Емил Бишев) после завршено средно образование во приватното средно училиште „Нова“, заборава лично и навремено да ги поднесе потребните документи за упис за продолжување на својата едукација и на тој начин ги пречекорува роковите кои се важечки за сите останати студенти, го докажува само следниот факт: дека науката не го влече.
Меѓутоа со интервенција на неговиот татко, синот Емил (со задоцнување) е запишан на Економскиот факултет при УКИМ со недостаток на вообичаена еуфорија на млад човек, кој не ги поднесува документите ниту на време, ниту лично.

Неколку месеци по запишувањето…
Студирањето на државниот Економски факултет при УКИМ кратко траело бидејќи само после еден изминат семестар (со неположување на ниту еден испит), тој решава студирањето да го продолжи на друг факултет бидејќи е навикнат на приватното школување, каде што нормално успешно ги завршува студиите.

Веднаш по успешно завршените студии, обавува пракса во Шпаркасе банка АД Скопје кај неговиот татко, за да набрзо потоа Емил Бишев аплицира на отворената позиција ПОМЛАД ВАЛУТЕН ДИЛЕР во НБРСМ и нормално бива примен на истата.

Се поставува прашањето: дали Бишев Јуниор без адекватно работно искуство е доволно добар кандидат, дали е подобен за таа позиција или е само пуста желба на татко му, кој ги користи своите конекции за синот да оди по негови чекори?
За појаснување за широката јавност, да објасниме дека станува збор за позиција Валутен дилер на девизните резерви на НБРСМ, тоа е позиција која управува т.е. тргува на светски пазар на капитал, користејкќи ги девизните резерви на нашата држава, кои изнесуваат над 3 милијарди евра.

Со други зборови тоа е многу одговорна позиција и претпоставуваме дека таткото Бишев Сениор со вработување на синот на ова престижно место (на државна сметка), го подготвува синот за меѓународна кариера во инвестициското банкарство, знаејќи го фактот дека ваквите позиции во светот се со високи плати и бонуси.

Тука повторно ги поставуваме прашањата:

  • До кога НБРСМ ќе биде „едукациски камп“ на почетници без адекватно искуство, без висок просек и без почитување на етички кодекс?
  • Кога НБРСМ ќе стане вистински регулатор на приватните банки?
  • Како дозволил системот на државна институција која има регулаторна улога врз приватните банки, во процесот на вработување и одлучување да влијаат директори на приватни правни лица односно банките, регулирана и контролирана од истата државна институција.
  • Какво мислење има гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за ваквите вработувања?
  • Кои се нејзините очекувања за ваквите вработувања во редовите на државниот регулатор НБРСМ?
  • До кога поддршката на студентите првенци со висок просек од државниот универзитети ќе им се ускратуваат шансите за вработување, професионално усовршување и на крајот на краиштата, нивно задржување во државата во замена за вработување на кадри кои заборавиле да поднесат документи за своето школување?
  • До кога, Анита?

Повторно искрено се надеваме дека регулатоторот НБРСМ нема и овојпат да излезе со известување дека кандидатот Емил Бишев ги поминал сите потребни квалификации за тоа работно место, имајќи ја предвид високата невработеност на млади економисти со висок просек од УКИМ кои не заборавиле на уписните рокови како синот на директорот.
Старите народни изреки ,,Каков татко, таков син” или ,,Крушата под круша паѓа” одамна се добро познати кај нашиот народ. Разликата е само што народот оваа пословица најчесто ја користи во позитивен контекст, а ние во негативен.

„Само ретките професионалци во браншата поседуваат вродени квалитети и норми на едно повисоко ниво. Ретки се раководителите кои преку личните примери покажуваат висока персонификација на стандард, на квалитет, и во својата компанија и општеството служат како пример за сите, нешто што кај денешните раководители сè поретко постои“.