Станбен кредит - февруари 2021

Која банка ќе ја завземе позицијата на Халк Банка која е убедливо прва на листата?

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е инфо…

Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.

Извор: архива

Промена на каматните стапки во февруари 2021  во однос на јануари 2021:

  • Охридска Банка АД Скопје – продолжен е периодот на важење на промотивните каматни стапки од 16.01.2021 до 31.03.2021 година.
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен е периодот на важење на промотивните каматни стапки до 28.02.2021 година.

Промена на останати трошоци за станбен кредит во февруари 2021  во однос на јануари 2021:

  • НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – без трошок за процена на имот и без трошок за одобрување промотивно до 28.02.2021 година.
  • Охридска Банка АД Скопје – воведен административен трошок од 1% до 1,50 % од износот на кредитот во зависност од клиентската група.
  • Силк Роад АД Скопје – без трошок за процена на имот и 0% за администрирање на кредитот промотивно до 30.06.2021 година.
  • Централна Кооперативна Банка АД Скопје – без трошок за процена, без провизија за одобрување и без нотарски трошоци (до 30.000 мкд) промотивно до 28.02.2021 година. Воведен трошок за администрирање на кредит од 0.9% од износот на кредитот и 2.000 мкд надомест за изработка на правно мислење.

Табелата со детални пресметки може да ја видите тука.