Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Извор: архива
Промена на каматните стапки во ноември во однос на октомври:
- Стопанска Банка АД Битола – промена на каматни стапки од 2.9% фиксна прва година, 9% фиксна 2 и 3 година, 4.5% фиксна 4 и 5 година и 6% променлива по 5-тата година на 2.9% фиксна први три, 3.9% фиксна 4 и 5 година, 4.5% фиксна од 6 до 10 година и 6% променлива по 10-тата година.
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен периодот на важење на промотивните каматни стапки до 31.11.2020 година.
Промена на останати трошоци за станбен кредит во ноември во однос на октомври:
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен промотивен период без трошоци за проценка на имот до 31.11.2020 година.
- Стопанска Банка АД Скопје – без трошок за процена на имот и без административен трошок до 31.12.2020 година.
- НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – без трошок за процена на имот и без трошок за одобрување до 31.12.2020 година.