Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Извор: архива
Промени на годишна каматната стапка во јули во однос на јуни:
- Стопанска Банка АД Скопје – намалена годишна каматна стапка за MasterCard Standard од 5.50% на 4.90% (промотивна каматна стапка за сите нови клиенти од 01.07-30.09.2020);
- Стопанска Банка АД Битола – намалена променлива годишна каматна стапка за MasterCard Standard од 9.99% на 9.50% и намалена годишна каматна стапка за Visa Classic од 10.25% на 9.25%;
- ТТК Банка АД Скопје – намалена годишна каматна стапка за Visa Classic од 9.50% на 8.75% за приматели на плата/пензија и од 10.00% на 9.25% за неприматели на плата/пензија;
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – намалена годишна каматна стапка за Master Revolving/Visa Revolving од 10.03% на 9.50%;
- Уни Банка АД Скопје – намалена годишна каматна стапка за MasterCard Standard/Visa Classic од 10.25% на 9.50%;
- Комерцијална Банка АД Скопје – намалена годишна каматна стапка за MasterCard Standard/Visa Classic од 10.77% на 10.57%.
Промена на други критериуми:
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – промена на месечен минимум за плаќање од 3%/минимум 200 мкд на 5%/минимум 200 мкд;
- УНИ Банка АД Скопје – промена на максимален лимит од 600.000 мкд на 2 нето плати.