Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Во нашата земја последниве години може да се забележи се поголем интерес за станбени кредити како еден од најатрактивните производи на банките. Зголемената побарувачка ги мотивира банките да понудат поповолен производ, а во насока на придобивање на нови клиенти. Станбениот кредит на секоја банка се одликува со свои специфични карактеристики.
Извор: архива
Промени на годишна каматната стапка во септември во однос на август:
- Стопанска Банка АД Скопје – зголемена годишна каматна стапка за Visa Star од 5.50% на 8.55%.