ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

Зошто спортските обложувалници земаат лични податоци од клиентите?

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на наводите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за наводно перење на пари и злоупотреба на лични податоци во спортските обложувалници.

Извор: google

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) реагира на наводите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за наводно перење на пари и злоупотреба на лични податоци во спортските обложувалници.

Податоците за играчите во обложувалниците се земаат од играчите како би се задржал данокот на личен доход во висина од 15% од сите добитни тикети, велат од АСОМ.

Овие податоци се земаат во име и за сметка на државата, а средствата се уплатуваат на дневно ниво во државната каса.

„Обложувалниците немаат никаква потреба дополнително да ги обработуваат овие податоци и истите се користат исклучиво за плаќање на данокот на личен доход од 15% во име и за сметка на државата и за ниту една друга намена.

Пред наметнувањето на оваа давачка, спортските обложувалници никогаш не побарувале податоци или обработувале податоци од играчите, ниту имаат потреба од истите“, се наведува во реакцијата.

Земените податоци од играчите се чуваат само до моментот кога ќе се плати данокот на личен доход, а тоа е на дневно ниво и до истите пристап има само обучен кадар кој работи согласно посебни протоколи и согласно позитивните законски прописи за Заштита на лични податоци.

Бонус видео…