СТАРТ ИЛИ ЛАЖНА НАДЕЖ

Зошто извршниот директор на Халк Банка АД Скопје, предолго чека во чекалната на Народна банка за лиценцирање?

Долгогодишниот извршен директор на Халк Банка АД Скопје, Томче Тасевски според информациите кои дојдоа до редакцијата на конкуренција.мк, предолго чека лиценцирање за член на Управен Одбор од страна на гувернерката на Народната банка. Дали фактот дека е поминат подолг временски период од поднесување на документацијата за истата, создава сомнеж за можно одбивање?

Извор: google

Долгогодишниот извршен директор на Халк Банка АД Скопје Томче Тасевски, според информациите кои дојдоа до редакцијата на конкуренција.мк, предолго чека лиценцирање за член на Управен Одбор од страна на гувернерката на Народната банка. Дали фактот дека е поминат подолг временски период од поднесување на документацијата за истата, создава сомнеж за можно одбивање?

Дали причините за ова одложување на лиценцирањето или можното евентуално одбивање на лиценцата е предизвикано од слабото менаџирање на управување со ризиците во банката, за што Тасевски преку неговата функција е директно надлежен?

Дали ова значи дека се гледа крајот на ерата на Тасевски, кој неприкосновено владее со банката (уште од времето на ИК Банка), а кој според пријавите на неговите вработени е човек без скрупули, кој постојано ги омаловажува своите подредени соработници и ретко прифаќа туѓо мислење. Според истите, станува збор за човек кој не прифаќа критика, ниту спротиставени мислења, туку владее според паролата „јас зборувам, а вие слушате!“

Извор: halkbank

Воедно ја поздравуваме одлуката на гувернерката на Народната банка, со која е отстранета од работа ќерката на Томче Тасевски. Се надеваме дека ова е отпочнување на генерална чистка во Народна банка за сите фамилијарни врски и роднини на менаџерите на раководните функции во комерцијалните банки, за кои пишувавме во неколку текста во претходните месеци.

Непотизмот во државните институции треба да престане, а ова е добар почеток и пример дека притисокот од јавноста вродува со плод.