БИЗНИСИ ПРОПАЃААТ, А ПЛАТАТА РАСТЕЛА?

Според податоците, во време на пандемија, кај нас се зголемува просечната плата

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година изнесува 27.948 денари и е за 2,7 отсто повисока од истиот месел лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Извор: google

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен (7.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (9.0 %), Уметност, забава и рекреација (6.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата во февруари 2021 година изнесувала 41.704 денари.

Бонус видео…