ИЗВЕШТАЈ НА НБ

Во февруари има намалување на каматите на издадените кредити и депозити

Пoдатоците на Народна Банка покажуваат дека просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишнa основа е намалена за 0,03 процентни поенти.

Извор: google

Пoдатоците на Народна Банка покажуваат дека просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишнa основа е намалена за 0,03 процентни поенти.

Просечната каматна стапка кај новоодобрените кредити е 4,25 отсто со пад од 0,27 процентни поенти на месечна основа и на годишна е намалена за 0,08 процентни поенти.

Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка во февруари изнесувала 3,70 отсто, на новоодборените каматната стапа е 3,76 отсто и бележи месечен раст од 0,16 процентни поени.

Намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на месечно ниво од 0,01 процентен поен и изнесува 0,92 отсто, додека на годишно нниво пониска е за 0,27 процентни поени. Кај новопримените депозити каматната стапка е 0,71 отсто и е повисока за 0,09 процентни поенти на месечно ниво, но на годишна основа бележи пад од 0,27 процентни поенти.

Во секторот домаќинства каматната стапка на кредитите изнесува 5,43 отсто со забележан пад на месечно ниво за 0,02 процентни поени, додека кај депозитите во февруари изнесува 0,88 отсто и е минимално намалена за 0,01 процентен поен.