Know-how

Уни Банка - консултант или почетник?

Нашето внимание беше предизвикано со неодамнешниот оглас за вработување од страна на Уни Банка објавен во „вработување.ком.мк“ за позиција наречена “Консултант за стратешки клиенти и корпоративни продажби“ кој беше со важност до 24.12.2020.

Извор: facebook

Нашето внимание беше предизвикано со неодамнешниот оглас за вработување од страна на Уни Банка објавен во „вработување.ком.мк“ за позиција наречена “Консултант за стратешки клиенти и корпоративни продажби“ кој беше со важност до 24.12.2020.
Во пречитување на нивниот оглас имаа една ставка која ќе ја посочиме подолу во текстот.

Доколку сакате да се самоинформирате веднаш можете да го внесете зборот “consultant“ на било кој интернет пребарувач и да го прочитате значењето на зборот консултант.

A consultant (from Latin: consultare “to deliberate”) is a professional who provides expert advice in a particular area such as business, education, law, regulatory compliance, human resources, marketing (and public relations), finance, health care, engineering, science, security (electronic or physical), or any of many other specialized fields.
A consultant is usually an expert or an experienced professional in a specific field and has a wide knowledge of the subject matter. The role of consultant outside the medical sphere (where the term is used specifically for a grade of doctor) can fall under one of two general categories:
Internal consultant:
External consultant

Извадок од Wikipedia

Тука се гледа дека постојат внатрешни (Internal) или надворешни (External) консултанти, но без разлика на типот: заедничката работа кај двата типа е нивното професионално искуство во одредена материја во која се специјализирани со долгогодишно искуство за да можат да консултираат како професионалци во одредена област.
Во истиот оглас подолу Уни Банка ги објаснува потребните квалификации т.е. условите меѓу кои ги издвојуваме следните ставки, цитираме:

  • Најмалку 1 година претходно работно искуство во релација со клиенти и продажби.
  • Продажба на финансиски производи и услуги ќе се земе како предност

Па тука природно се наметнуваат прашањата:
1. Дали според стандардите на кадровата служба на Уни Банка сите вработени со едногодишно работно искуство ги смета и ги нарекува КОНСУЛТАНТИ? и
2. Дали за Уни Банка консултантот само советува или треба и да продава, со оглед дека Уни Банка во огласот бара и продавачки активности.

Извор: vrabotuvanje.com

Извор: vrabotuvanje.com

Извор: vrabotuvanje.com

Затоа, решивме да истражуваме околу кадрите на Уни Банка каде случајно наидовме на фактот дека првиот човек за човечки ресурси во Банката е со средно училиште АСУЦ, со завршен факултет за туризам и претходно работно искуство во агенција за обезбедување „Никоб“,  како обезбедување (чувар).
Најинтересен беше и фактот што го увидовме на неговиот личен Facebook профил, дека познавањето на англискиот јазик не му е јака страна штом зборот manager го пишува со Е, односно menager.

Извор: facebook

Но, првиот човек за човечки ресурси во Уни Банка не е тема на нашиот текст, затоа и не го објавуваме неговото име. Според нашите сознанија токму претседателката Милка Тодорова го предложила овој кадар, кој според хиерархијата во банката, е одговорен токму на неа.
Тука се наметнуваат неколку прашања:
Како управниот одбор, на чело со претседателката Милка Тодорова, можел да дозволи да постават личност со вакво претходно работно соодветно или несоодветно искуство?
Колку се почитуваат правилата на Народна Банка на РМ?
Колку се испочитувани стандардите во Уни Банка?… и така натаму и така натаму.

Да заклучиме:
Доколку Уни Банка сакаше да ги збуни идните кандидати за слободната работна позиција и нивниот оглас, мораме да признаеме дека успеала во тоа.
Доколку сакале отворената позиција да звучи по сериозно со користење на терминот consultant, мораме да заклучиме дека кај професионалците, не успеале.
Исто така познато е дека консултантските услуги, доколку станува збор за вистинска консултантска позиција со професионално педигре најчесто се со повисоки примања отколку платата која беше назначена од Уни Банка во нивниот оглас.
Чудно е дека и „вториот филтер“ односно интернет сајтот за огласување Вработување.ком.мк читајќи ги квалификациите и задачите на отворената позиција не ги консултирала своите клиенти (читај Уни Банка) со кои имаат долгогодишна соработка во огласување на работни позиции и не им воочила дека станува збор за типична позиција за продажба, за кандидат без големо искуство.
Најверојатно дека на Вработување.ком.мк е битно само да се наплати услугата на објавувањето на огласот, но не е битна содржината на огласот.
Сосема е легитимно секоја банка да објавува огласи за работни позиции и да ги нарекува според нивна желба и систематизација, но исто така треба да знаат дека постојат стандардни називи кои се интернационално прифатени во однос на квалификациите, задачите, што се бара, што им треба и каков корпоративен имиџ сакаат да градат кон кандидатите. Бидејќи еден ден и тие кандидати негде ќе треба да отворат трансакциска сметка, но после слични искуства, се сомневаме дека имиџот на Уни Банка од нивен агол би бил поинаку перципиран.

Искрено се надеваме дека во иднина Уни Банка ќе посвети повеќе внимание во именувањето при огласувањето на нивните слободните позиции, а до тогаш уживајте во песната на Baha Mеn и Who let the dogs out….