НОВИ РЕСТРИКЦИИ

Угостителите мораа да стават клуч на врата - ќе има ли масовни отпуштања?

Со новите рестриктивни мерки, престанаа со работа угостителските објекти и тоа во период од две недели. Тие ќе можат да работат на пултови и да служат храна за носење, но нема седење на столчиња на сонце и пиење кафе во наредниот период.

Извор: unsplash

30.000 вработени во оваа дејност се соочени со отказ од работа. Туристичко угостителската комора на Македонија апелира дека во моментов е неопходно итно да се додели и посебна финансиска помош за субјектите кои поради одлуката за затворањето ќе останат без било какви приходи.

Овој сектор е еден од најзасегнатите од кризата предизвикана од пандемијата, но и покрај тоа веќе неколку месеци за секторот нема никаква помош, а граѓаните кои егзистираат од овој сектор тонат во долгови по повеќе од цела година рестрикции.

Дали ќе може угостителите да ја издржат и оваа финансиска препрека која им се случи одненадеж? Ако е заглавен петтиот пакет на финансиска помош, тогаш дали навистина ќе се остварат заканите на Угостителите за одјавувања на своите вработени?

Дали е доволно онлајн испораката на храна да ги одржи во живот и конкурентност овие бизниси?

Бонус видео…