Извор: google
Никола Наумоски од Град Скопје вработен во Сектор за поддршка на градоначалникот на неговиот Facebook профил забележува дека тимот на Данела Арсовска направил привид на веќе изградени улици, а воедно и ги згрешиле нивните димензии.
„Немаат поим што е Скопје и кои се неговите булевари! Нит Данела, нит нејзиниот тим! Како инаку би можеле да одобрат ваква реклама!? Не само што не ги знаат кај се наоѓаат булеварите, туку и не знаат дека се веќе изградени!
Белото на сликата е бул. Словенија, најдобра менаџерке на сите времиња, не е бул. БиХ! Бул. БиХ е десно од него и е целосно изграден. Од Мак-Кос Бригада до ХТ Карпош. Сте му ја дуплирале должината на идниот бул. Хрватска заради вашето незнаење!“