Се сеќавате ли на ова пакување на млекото, кое се продаваше кон крајот на 80-тите и во 90-тите години од минатиот век? Постарите генерации добро го паметат, а ние сме секако тука да ги потсетиме возрасните и да ги запознаеме помалите.
Извор: google
Пастеризирано хомогенизирано кравјо млеко од “ЗИК Скопско поле, Млекарница – Скопје”. Период кога млекото се продаваше по 17 денари од литар, амбалажата беше препознатлива и едноставна, а вкусот пријатен и за помладите и за постарите.
Тоа беше период кога навистина се уживаше во ритуалот и навиката на пиење на млеко, за разлика од денес кога многумина ќе речат дека купечкото млеко го нема природниот вкус и познатата арома.
Начинот на отворање на оваа кесичка млеко и логото со кравата исто ќе им предизвика носталгија на постарите на тоа време, а особено интересен факт е што многу домаќинства и ги миеја и чуваа кесичките, користејќи ги потоа за замрзнување на домашно млеко или други продукти.