ВИРТУЕЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО

Се сеќавате ли на „Чиби Чан“, првото дигитално домашно милениче?

Дали се сеќавате на “Чиби чан”? Вистински хит кон крајот на деведесетите години кој овозможи за прв пат децата да чуваат и да се грижат за свое виртуелно домашно милениче.

Извор: google

Дали се сеќавате на “Чиби чан”? Вистински хит кон крајот на деведесетите години кој овозможи за прв пат децата да чуваат и да се грижат за свое виртуелно домашно милениче.

Чиби-чаните (Tamagotchi) се продаваа во различни бои и дизајни, а се наоѓаа во книжарниците, маркетите, пазарите.

Се работеше за мал моно-хроматски екран во пластично куќиште, преку кој одбирате животно по желба и потоа се грижите за него од самото раѓање, па сè до крајот на животот. Децата си играа со своите миленичиња, ги хранеа, бањаа, чистеа и сето тоа се правеше преку едноставни опции на две три копчиња.

Цените варираа, па така наједноставните по дизајн можеа да се најдат и за 150 денари, но цената достигнуваше и до 400 денари.

Производител на овој дигитален миленик беше јапонската компанија Bandai, чиј прв производ се појави на пазарот во 1996 година за година потоа да го освои целиот свет.

Иако беше вовед во светот на напредните технологии и игри, сепак овој мал уред останува запаметен затоа што многу деца ги научи на одговорност, грижа и пријателство.

Бонус видео…