ДЕЛОВНИ ТЕНДЕНЦИИ

Се очекува намалување на вработените во преработувачката индустрија

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март 2021 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на февруари 2021 година и изнесува 14.5, а во однос на март 2020 година е намален за 0.5 процентни поени.

Извор: google

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2021, во однос на февруари 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во март 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на март 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2021 година изнесува 71.1 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.4 %, неизвесното економско опкружување со 15.9 %, недостигот на квалификувана работна сила со 14.9 % и недоволната домашна побарувачка со 14.2 %.

Бонус видео…