ЕКОНОМСКА АКТИВНОСТ

Рекорден увоз и извоз кај технолошко - индустриските зони

Во технолошко индустриските зони е регистрирана највисока економска активност во прв квартал во последните четири години и во однос на извозот и во однос на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Извор: google

Во технолошко индустриските зони е регистрирана највисока економска активност во прв квартал во последните четири години и во однос на извозот и во однос на увозот, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Во првиот квартал од 2021 година извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што е за 30% повеќе од истиот период во 2020. Во однос на 2018 година, порастот е над 41%.

И на месечно ниво, извозната активност во март 2021г. е највисока во изминатите 4 години и достигна ниво од 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец во 2020г. Компаниите активни во зоните и понатаму се носители извозот во земјата со над 48% учество во вкупниот извоз што е највисок процент до сега“ се вели во извештајот.

И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе четири години. Увозот во првиот квартал од годинава достигна 736 милиони евра и е за 34% повисок од првиот квартал лани, а дури за 50% повисок споредено со првиот квартал во 2018 година.

Во зоните во март исто така е регистриран највисоко ниво на учество во севкупниот увоз досега – 36%. Исто така, месечниот увоз во ТИРЗ во 2021 година го надминува месечниот увоз за ист период во изминати четири години и е на ниво од 243 милиони евра односно 87 милиони повеќе од истиот месец лани.

Трендот на раст на увоозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните.

Бонус видео…