Извор: google
Пред 20 години, цигарите чинеа скоро четири пати помалку во споредба со денес. Пушачите доживеаа шок последниве години со континуираното зголемување од 5 денари годишно по кутија цигари.
Последниве години, акцизата на цигарите се зголемува годишно, а голем дел од граѓаните не се информирани кога точно настапува тоа поскапување, па така за новата цена дознаваат на лице место кога купуваат цигари.
Цигарите веќе станаа луксуз со цените кои ги “држат” на пазарот. Но, тоа очигледно не ги спречува страствените конзументи и понатаму да двојат голем дел од домашниот буџет токму за ова “слатко задоволство”.
За споредба со денес, во 2001 година цигарите се продаваа за ич пари. Па така, Родео Меко чинеше 27 денари, а денес цената е 95 денари. Родео тврдо пак денес чини 100 денари, а тогаш беше 30 денари.
И не само овој бренд. Сите брендови денес чинат скоро 4 или 5 пати повеќе од пред две децении. Пред дваесетина години, имаше цигари кои чинеа и помалку од цената на Родео, како на пример Југославија која се продаваше по цена од 19 денари или Партнер по цена од 24 денари.
Извор: google