Извор: google
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во март 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 8.9%, а кај аутпутот се бележи намалување од 4.2%.
Во март 2021 година, во споредба со март 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 109.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.2.
Во делот аутпут, во март 2021 година, во споредба со март 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 95.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.4.
Бонус видео…