Извор: google
Музичари од целиот регион вечерва ќе настапат на концертот наречен „Џем“ еминентни музички имиња од Балканот, местото на случувањето е езерото Преспа, а поводот е укинувањето на роамингот на Западен Балкан.
Бендовите кои се најавени дека ќе земат учество на оваа забава се: С.А.Р.С (Србија), Who See (Црна Гора), Хелем Нејсе (БиХ), Узун баба ог – Сектор 909 (Северна Македонија), Урбан Б (Косово) и ДЈ Сарди (Албанија). Концертот е организиран од Советот за регионална соработка (РСЦ) со поддршка на Владата на Северна Македонија.
Програмата на плажата Оташево започнува во 19.00 часот, а преносот во живо ќе биде достапен на каналот RCC YouTube.
Извор: google