НЕВРАБОТЕНОСТ

На крајот на 2019-та невработеноста била 17.3%, на крај на 2020-та е 16.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, активното население во Република Македонија изнесува 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени.

Извор: google

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, активното население во Република Македонија изнесува 950 858 лица, од кои вработени се 794 909, а 155 949 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.4, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 16.4.

Во првиот квартал од 2020 година стапката на невработеност изнесувала 16.2, во вториот 16.7 отсто, третиот 16.5 и во четвртиот квартал 16.1 отсто. Во 2019 година стапката на невработеност изнесувала 17.3 отсто што значи дека на крајот од првата година од пандемијата, невработеноста во земјава се намалила за скоро 1% во однос на претходната година кога немавме пандемија.

Според возраста, најмногу невработени (98 362 лица) се меѓу 25 и 49 години.

Од вработените, најголем дел се ангажирани во преработувачката индустрија (158 135 лица), трговијата на големо и мало (116 970 лица), земјоделство, шумарство и рибарство (95 545).