МОБИЛНИ ПЛАЌАЊА

Македонците плаќаат најмногу сметки, паркинзи и автобуски билети преку телефон

]Регионалното истражување на Visa за перцепција на мобилни плаќања се спроведe во февруари и март годинава на 2.250 корисници на картички во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија.

Извор: google

Регионалното истражување на Visa за перцепција на мобилни плаќања се спроведe во февруари и март годинава на 2.250 корисници на картички во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија. Истражувањето покажа дека клиентите од регионот прифаќаат современи технологии и се подготвени во таа насока да ги користат паметните телефони.

Над една третина од потрошувачите во земјава ги користат паметните телефони за плаќање и извршување трансакции, а 61 процент се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина. Една четвртина од испитаниците започнале да ги користат паметните телефони за плаќање за време на пандемијата.

Придобивки од плаќањето преку мобилен телефон за испитаниците претставуваат практичноста, неризичноста од губење на паричникот и брзината со која може да ја извршат трансакцијата без да одат во банка, пошта или друго наплатно место.

Најмногу луѓето ги користат смарт телефоните за да ги плаќаат комуналните и режиски трошоци во месечните сметки. Потоа следуваат плаќања на паркинг места, па плаќања во продавници, кафулиња и ресторани, како и билет за автобус што чини 40 денари, па нарачка на храна и уплата на туристички аранжмани за патувања.

Покрај Македонците, и Црногорците, Србите и Босанците преферираат плаќање со телефон (околу една четвртина од испитаниците). Најслаб резултат покажува Албанија, каде само 10 проценти ја користат оваа опција за плаќање.

Мобилните плаќања треба да се гледаат како нова форма што ќе овозможи технолошки развој слично како и безконтактните картички на почетокот кога беа воведени.