„НЕЗАВИСНА“ И „КВАЛИТЕТНА“

Кој е таткото на „независната“ Данела Арсовска?

„НЕЗАВИСНАТА“ кандидатка за Градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска е ќерка на поранешен висок полициски службеник, кој за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше личен советник на озогласената Гордана Јанкуловска.

Извор: google

„НЕЗАВИСНАТА“ кандидатка за Градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска е ќерка на поранешен висок полициски службеник, кој за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше личен советник на озогласената Гордана Јанкуловска.

Нејзиниот татко искористувајќи го своето влијание и пристап до доверливи информации кои му ги овозможуваше државната позиција во организацијата во која беше вработен, во партнерски потфат со Ацо Николовски (сопственик на НИКО-2002 Штип, еден од најбогатите луѓе во Македонија),успеваат да го купат имотот на компанијата Жито Лукс АД Скопје (земјиштето и деловната зграда) за мала сума на пари.

Откако го откупиле имотот на Жито лукс АД Скопје следело негово распарчување на посебни делови, со чија продажба за далеку повисока цена од купената се стекнуваат со милионски профит во евра.

Татко на Данела Арсовска (моминско Јовановска) е Ванчо Јовановски, екс началник во УВР-Скопје при МВР на РМ, во периодот кога Бранко Црвенковски е Премиер, а министер за внатрешни работи е Томислав Чокревски (период ’96-’98). Додека Јовановски (таткото на Данела) е началник во МВР, во 1997 година од депото на министерството ИСЧЕЗНУВААТ 28 килограми чист кокаин.
За многу други детали на нејзината фамилија и потеклото на парите пишуваше и Ненад Јовановиќ

Инаку, нејзиното школување, кариера и „независната“ кандидатура нема допирни точки со личен интегритет и квалитет, туку за цело време внимателно трасиран пат од страна на нејзиниот татко и воедно планиран од партијата која застана зад неа како независен кандидат. Горе наведените факти ја обелоденуваат „независноста“ на овој кандидат кој јавноста треба да ја знае.

Еуфоријата околу бугарската лична карта е смешна и минорна во споредба со лажењето на македонската јавност за независната кандидатура пред отпочнувањето со вршење на било која државна функција (платена од народот) и воедно е преседан кој треба јавноста да ја знае пред гласањето.
Освен во фирмите на татко ѝ, Данела Арсовска НЕМА ДРУГО РАБОТНО ИСКУСТВО.