Извор: google
Согласно известувањето од грчките гранични служби од Граничниот премин „Евзони“, според МВР измените во протоколот за влез во Грција од денеска (19.06.2021 година), се:
- од 06.00 часот на ГП Евзони, освен со ПЦР тест не постар од 72 часа
- Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза)
- доказ за прележан Ковид-19 (од 2 до 9 месеци)
- исто така, влез на наши државјани се дозволува и со негативен брз тест за Ковид-19 не постар од 48 часа.
- деца до 12-годишна возраст нема потреба да имаат негативен тест,
- деца постари од 12 години треба да поседуваат брз или PCR тест.
Електронската најава на сајтот www.travel.gov.gr за прибавување на ПЛФ документ е задолжителна.
Како и досега работното време, на ГП Евзони Грција нема да се дозволува влез од 22.00 часот до 06.00 часот по македонско време.