ОТВОРЕНА ПОДДРШКА

Хрватска отворено е во одбрана на Македонија

„Земја – членка на ЕУ влегува во интимниот простор на Северна Македонија и јас на тоа отворено ќе се спротивставам“, гласеше изјавата од страна претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ на самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.

Извор: novosti.rs

„Земја – членка на ЕУ влегува во интимниот простор на Северна Македонија и јас на тоа отворено ќе се спротивставам“, гласеше изјавата од страна претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ на самитот, на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.

Тој исто така дополнително објасни дека и Хрватска од страна на Словенија имале жив и динамичен однос, каде соседот Словенија поставувала некои услови, но, како што изјави, никогаш не чувствувал дека Словенија сака да и наштети на Хрватска или да ја понижи како што тоа Бугарија го прави кон Македонија во најбитниот период при започнување на преговорите за пристапување кон ЕУ заедницата.

– Не се сите на исто ниво во напредокот на преговорите. Некои се понапред, некои се поназад. Северна Македонија се наоѓа во една невозможна позиција. Тоа е тема, што воопшто не ја допревме на денешните разговори, ниту во текстот на заедничката декларација, ниту пак Македонците на тоа воопшто инсистираа. Се работи за условите кои им се поставени во една, релативно зрела фаза на преговорите со ЕУ, а се однесува на содржината во некои учебници по историја во Македонија, рече Милановиќ.

Тој посочи – Ова што сега една земја-членка на ЕУ и го прави на Северна Македонија јас го нарекувам „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор. Да се бара од една земја кандидат, која е во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја промени и креира, онака како што тоа го бара соседна држава, тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави. И, на тоа, отворено ќе се спротивставам, рече Милановиќ.