ПАТУВАЊА

ЕУ е на чекор да ја стави Македонија на црната листа за патување

Во наредниот период се очекува Европската Унија повторно да ја стави нашата земја на „црната листа“ за патување, поради растот на новозарезени од корона вирусот.

Извор: google

Во наредниот период се очекува Европската Унија повторно да ја стави нашата земја на „црната листа“ за патување, поради растот на новозарезени од корона вирусот.

Агенцијата Ројтерс известува дека започнала процедура чија финална одлука се очекува во понеделник доколку ниедна земја членка на ЕУ не го оспори тоа. Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан.

За македонските граѓани, ова би значело повторно соочување со големи рестрикции во однос на патувањата. Дали ќе може туристички да се патува во наредниот период? Да ќе се дозволат непотребните и неделовни патувања? Дали карантинот доколку одиме во странство ќе стане задолжителен?

Одговор на овие прашање ќе дознаеме веќе на почетокот на наредната седмица. Потсетуваме дека овој период Македонија секојдневно има над 1.000 новозаразени дневно. Според бројот на починати, ние сме на на врвот на црната листа во Европа и далеку над просекот на смртност во споредба со останатите земји од регионот.. Вчера во земјава беше регистриран нов црн рекорд со 36 починати.