Чланарина

Доцни ли одлуката на Комората на инженери за намалување на членарината?

Точно една година по почетокот на здравствената, а со тоа и финансиска криза во Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери одлучи да ги “израдува” членовите со попуст за годишно членство. Информацијата ја добивме од наш читател, кој смета дека одлуката е правилна, но ненавремена.

Извор: pexels

Собранието на Комората, на нивната електронска седница на 27.02.2021 донело одлука за
времено намалување на висината на годишната членарина кон Комората за 50%, за периодот од наредните 12 месеци (27.2.2021 до 28.2.2022), со цел ублажување на последиците од здравствената пандемија, предизвикана од Ковид-19. Па така, наместо досегашните 3.075 денари кои инженерите ги плаќаа на годишно ниво, таа ќе изнесува 1.538 денари.

Нашиот читател кој ја сподели информацијата смета дека ваквата одлука можела да биде донесена уште минатата година кога многу државни и приватни претпријатија понудија во старт олеснителни финансиски пакети за своите корисници. Во најголем процент, инженерите “од свој џеб” ги плаќаат своите членства во комората, а доколку тоа не го извршат на време, постои ризик од законска обврска на Комората за одземање на нивното членство.

За младите инженери и оваа задоцнета одлука е добредојдена, но навремените реакции кон општествените случувања сепак говорат за институција која мисли на своите членови и работи навремено на изнаоѓање на начини за нивно мотивирање и олеснување. Во овој случај, тоа не изгледа така.