Извор: google
Од неофицијални извори во Банката дознаваме дека Антонио Аргир не е повеќе прв човек на НЛБ Банка АД Скопје. Имено, тој е трансфериран на одредена позиција во НЛБ Словенија каде обавува активности на ниво на групацијата.
НЛБ Банка АД Скопје сеуште нема официјален став за измените кои се случуваат во нивните редови, ниту пак на нивниот веб сајт има известување за овој трансфер.
Дали на чело на НЛБ Банка АД Скопје ќе биде поставен директор со поголемо интернационално искуство? Информациите велат дека со заминувањето на Аргир завршува ерата на македонски претседатели на управниот одбор на НЛБ (прво Ѓорѓи Јанчевски, па подоцна Антонио Аргир), бидејќи на челната позиција на банката ќе биде поставен странец. Дали тоа е резултат на недоверба од НЛБ групацијата кон домашните банкари, а создадена од менаџирањето на Аргир, не знаеме.
Владеењето на Аргир со НЛБ Банка беше одблежано со голем број на откази од долгогодишни вработени, експерти од Банката, како и намалување на просечниот личен доход во истата. Неговата прва позиција во НЛБ Банка беше на позиција „Банкарски комерцијалист“ во експозитура, на таа позиција беше вработен без претходно (интернационално) работно искуство.
Извор: google
Инаку, Антонио Аргир е син на некогашниот директор на „Табак осигурување“, Коста Аргир. Истиот е заслужен за кариерата на синот, поради своето познанство со долгпгодишниот прв човек на Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски.
Исто така сопругата на Антонио Аргир е вработена во бившата фирма на неговиот татко некогашната „Табак Осигурување“, а денес „Сава Осигурување“ на позиција Раководител во Службата за ризици и контролинг.
За потсетување, Тутунска банка е основана како интерна банка на тутунските комбинати во Македонија, а „Табак Осигурување“ беше во функција на некогашниот гигант „Македонија табак“ кој беше ексклузивно трговско претпријатие преку кое одеше продажбата на цигари кои беа произведени во тутунските комбинати од Македонија за целата територија на некогашната Југославија.