ИМА НЕКОЈА ТАЈНА ВРСКА

Дали гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска ќе „музицира“ под диригентната палка на кумовите и сопругата?

АНКАРА – Турција стави под контрола 107 од вкупно 112 шумски пожари што беснеат низ целата земја, изјави денеска министерот за шумарство и земјоделство Бекир Пакдемирли. Тој изјави дека уште два пожари се активни во Анталија и три во градот Мугла, пренесува Анадолија.

Извор: google

Александра Костовска – Вангеловска, е сопруга на новиот предлог за член на Управниот одбор на НЛБ Банка – Гоце Вангеловски, таа е поставена на позицијата: Раководител на Службата за технологија и организација во НЛБ Банка, спомната во нашиот текст на 18 Април, 2023
Дали сопругата ја влече кариерата на својот сопруг или станува збор за квалитетен кадар – или можда не?
Која е поврзаноста на гувернерката Д-р Анита Ангеловска – Бежоска и сопругата Александра Вангеловска, дали постои „тајна врска“?
Дали кумот Антонио Аргир (поранешен директор на НЛБ) претерал со вработувањето на кумот и кумата на клучни позиции во редовите на НЛБ Банка или само за момент се почуствувал моќен, и дека му се „може“?
Дали словенците Г-динот Петар Зелен и Г-динот Бранко Грегановиќ се сѐ уште во „mood“ на бајката „Успиената убавица“ или Љубљана ќе пресече?

По објавениот текст „Новиот предлог за член на Управниот одбор на НЛБ Банка е кум на бившиот директор Антонио Аргир“ редакцијата на КОНКУРЕНЦИЈА.МК дознава дека сопругата Александра К. Вангеловска работела во Министерството за финансии, на позиција: Раководител на Одделение за извршување на буџетите од Јануари 2002 до Јуни 2007, во еден дел од тој период гувернерката Бежоска била поставена на функцијата Раководител на Трезор (2000-2003) односно била надреден шеф на Александара Вангеловска.

Извор: google

Дали гувернерката Бежоска во име на старите времиња и познаството со нејзината колешка директно ја втурнува во можен конфликт на интерес ќе знаеме по одлуката за прифаќањето или одбивањето на новиот член на Управниот одбор на НЛБ Банка?

Извор: LinkedIn

Извор: LinkedIn

Извор: Google

Извор: Google

Извор: Google

Неприфатливо и несериозно е поранешниот директор Антонио Аргир во интернационална банка како што е НЛБ Банка да ја вработува својата кума, на позиција која директно има влијание врз организационата структура во банката. Тоа очигледно не било доволно за сега да се предлага (бутне) и кумот, односно сопругот Гоце Вангеловски, како член на УО на банката.
Александра Вангеловска ужива безрезервна поддршка и од нејзиниот ресорен извршен директор и член на УО Игор Давчевски кој што во круговите на банката се смета како човек на Аргир. Тука не можеме, а да не го споменеме и Игор Кацарски кој во НЛБ Банка е исто така вработен од страна на неговиот пријател Антонио Аргир.
Ваквите примери покажуваат ниво на етика и професионалност кај одреден поединец, во овој случај Антонио Аргир и сериозна корпоративна култура од страна на НЛБ групацијата, каде исходот ќе покаже што може да помине како предлог, а што не!?
Дали Љубљана ќе ја пресече оваа кумовска – кафанска идила?

КОНКУРЕНЦИЈА.МК останува да ги следи новите случувања по ова прашање и времено ќе ја информира јавноста.