ЛАЖНО ЏЕНТЛМЕНСТВО

Зошто порталот „фактор.мк“ ја извртува вистината против оштетените акционери, а во интерес на Стопанска Банка АД Скопје?

Во редакцијата на konkurencija.mk пристигна приговор за објавениот текст на порталот фактор.мк кој ја искривува вистината за реалната ситуација на спорот помеѓу акционерите и банката.

Извор: архива

Во редакцијата на konkurencija.mk пристигна приговор за објавениот текст на порталот фактор.мк кој ја искривува вистината за реалната ситуација на спорот помеѓу акционерите и банката.
Кој стои зад овој „ненарачан“ текст, земајќи предвид дека во потписот на текстот се само иницијалите на порталот „Р.Ф.“? (редакција фактор.мк)
Дали овој текст е излезен од „кујната“ на порталот фактор.мк или е дело на маркетинг агенцијата New Moment која е официјална маркетинг агенција одговорна за маркетинг активностите на Стопанска Банка АД Скопје?

За пропагандистите секој јавен текст е шанса за влијание кон јавноста. Манипулативните влијанија и искривените дезинформации прават сериозни штети кон одредени субјекти, во овој случај оштетените македонски акционери.

Демантот на „Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“ го пренесуваме во целост:

“Џентлменско однесување е синоним за корпоративната одговорност во корпоративниот свет, но однесувањето на Стопанска банка АД Скопје кон малите акционери иматели на приоритетни акции е далеку и од едното и од другото.

Го поздравуваме интересот на редакцијата на фактор.мк за случувањата поврзани со приоритетните акции. Сепак сметаме за потребно да го изразиме и ставот на акционерите сопственици на приоритетни акции на кои се однесува текстот објавен од фактор.мк.

Заради правилно информирање на јавноста наведуваме дека Надзорниот одбор на Банката доставил иста ваква предлог одлука до Собранието на акционери за вонредната седница одржана на 19.11.2019. Предлог одлуката акционерите со приоритетни акции тогаш не ја прифатија, а и сегашната предлог одлука не претставува чесна понуда за да биде сериозен предизвик за нејзино прифаќање од акционерите.

Гарантираниот принос од 5%, што според фактор.мк ќе ја направи акцијата “локум”, всушност ќе ја забетонира цената на акцијата еднаш засекогаш на не повеќе од 500 денари. И, добро заклучивте “таа хартија ни на сон нема да дојде до 700-800 денари”. Зошто? Затоа што за приоритетните акции не се пресметува книговодствена вредност односно нејзината пазарна цена зависи само од висината на стапката на дививденда, а во услови на ниска дивидендна стапка (каква што е и понудената од 6,25 %) нема да има значително придвижување на цената. Номиналната вредност е утврдена при издавањето на акциите во 1990-те години и нивната куповна моќ сега е многу пониска.

Од тие причини, предлагање стапка на дивиденда која се пресметува на номиналната вредност утврдена пред скоро 30 години и со сегашните ниски каматни стапки ќе влијае на трајно обезвреднување на приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје.

Банката скоро 10 години исплаќа дивиденда на приоритетните акции по стапка помала од 5% што е пониско од стапките на дивиденди на американските банки со висок кредитен рејтинг и во економија со пониски каматни стапки од македонските. А после 2013 година до сега стапката од 5% достигна само 1,25%, стапка за дивиденда со која ниту една приоритетна акција не е издадена.

И иако, Законот за трговски друштва (што е во сила од 2004 година) одредил дека дивидендите на приоритетните акции се во фиксен износ или како процент од номиналната вредност на акцијата, Банката продолжила да ја пресметува фиксната дивиденда по старата формула сите овие години. Со тоа предизвикала срозување на пазарната цена и отсуство на интерес за купување на овие акции на Берзата, што предизвикува неколкукратно оштетување на имателите на овие акции. Но, и покрај укажувањето за ова од страна на акционерите и предлог за решавање на ова прашање доставени уште на почетокот на 2019 година, Банката настапува од позиција на сила на мнозинскиот акционер и наместо да постапи согласно принципите на корпоративното управување за правата и интересите на акционерите таа дава предлози со кои не го решава прашањето на оштетените малцински акционери.
КХВ точно е дека дала препорака, но таа требало да изрече мерка со што би ја задолжила Банката, затоа што станува збор за законска одредба која не е применета.

Вака, останува мнозинскиот акционер да дава предлог што само нему му одговара и не ги зема предвид денешните реални услови. Предложената дивиденда од 25 денари точно е дека ќе одземе 92.500 евра или само 0,23% од добивката за 2021 година. А, како добивката расти секоја година, тој процент ќе биде се помал. За потсетување, приоритетните акции претставуваат 2,53% од капиталот на банката.

2 | Страна
Како последица на ваквото “неџентлменско“ постапување на издавачот на акциите, акционерите поднесоа три тужби против Банката. Утврдување на фиксната дивиденда е еден од елементите за кои акционерите ја тужеа Банката. Вториот елемент, кој е многу позначаен, е правото на учество на приоритетните акции во добивката (познато како партиципативност). Ова право, иако е определено во одлуките за издавање на акции, мнозинскиот акционер не го признава.

Од крајот на 2021 година во примена е нов и унапреден Кодекс за корпоративно управување на котираните друштва, резултат на заеднички проект на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, а потпишан од претседателот на Одборот на директори на Берзата кој е претставник на Стопанска банка. Котираните друштва, според директорот на Берзата, би требало да ги идентификуваат правилните вредности, однесувањата, професионалните искуства и знаења што ќе придонесат за подобро и поуспешно водење на нивниот бизнис и истовремено градење на односи на доверба и грижа за интересите на акционерите. Па ако Стопанска банка, како една од системски значајните банки, не го препознава, а уште помалку применува првиот принцип на корпоративно управување што се однесува на правата и односите со акционерите, тогаш како може да се исполни очекувањето дека Кодексот ќе биде механизам за понатамошен развој на пазарот на капитал преку промовирање на принципите на деловна транспарентност и подигнување на нивото на заштита на акционерите?

Демантот е напишан од страна на:
„Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“

Важна напомена!

Порталот „фактор.мк“ одби да го објави демантот на „Координативно тело за преземање активности за остварување на правата од приоритетните акции на Стопанска банка АД Скопје“ што дополнително фрла сомнеж кон објавениот текст и неговата улога.

Значење на зборот СПИН, англиски (SPIN)
Спин (појаснување)
Спин (spin) e англиски збор што означува вртење, ротација.
Во македонскиот јазик, може да ги има следниве значења:
Спин (односи со јавност) – манипулативна техника во односите со јавноста.