Извор: google
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 210 122 464 илјади денари и бележи пораст од 39.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 286 095 298 илјади денари, што е за 38.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 75 972 834 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 73.4%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.
Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).
Во периодот јануари – јуни 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 3 408 966 илјади евра и бележи пораст од 39.1% во однос на истиот период од претходната година.
Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 641 495 илјади евра, што е за 38.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јуни 2021 година, изнесува 1 232 529 илјади евра.