ПРОТИВПОЖАРНА БРИГАДА

Македонски граѓани на бројот 193 пријавуваат лажни пожари

За девет часа Противпожарната единица во Скопје добила 29 повици за пожари на територијата на главниот град. Во период кога државава се соочува со кризна состојба и огромна бројка на пожари и кога состојбата е алармантна, има и такви граѓани кои лажно пријавуваат пожари. Такви повици вчера на бројот 193 имало вкупно седум.

Извор: google

Вчера во период од 10:00 часот до 21:45 на бројот193 беа примени 29 пријави за пожари на Територија на Град Скопје. Од кој 22 пожари со интервенција и нивно гаснење и локализирање навремено,меѓу кои и фабриката Охис каде се употребија повеќе возила и пожарникари. Седум пријави беа лажни”, информираат од Противпожарната единица Скопје

Но, во една ваква загрижувачка и тешка ситуација во земјава каде сите ресурси се насочени кон справување со огнените стихии, се поставува прашањето зошто дел од граѓаните пријавуваат лажни пожари. Дали истите тие треба да одговараат за ширење паника и лаги со оглед на тоа дека го трошат времето кое и те како е потребно во моментов.