ЗЕМЈОДЕЛСКО ПАЗАРЕН ИНФОРМАТИВЕН СИСТЕМ

Во овие македонски градови, лубеницата држи највисока цена

Зелените пазари нудат богат избор на сезонско овошје а за овој период најкарактеристични се лубениците и дињите. Блага, сочна и вкусна, лубеницата е омилено овошје на лето. Нејзината црвена боја и освежителен вкус ја прават да биде симбол на летото, а покрај тоа, изобилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира нашето тело.

Извор: google

Но, секое лето, граѓаните се соочуваат со варијабилни цени на лубениците, по килограм.
Па така, овој месец просечната цена изнесува нешто над 17 денари. Најскапо лубеницата се продава во Струга по цена од 25 денари по кило и Охрид по цена од 21,25 денари. Високата продажна цена на лубеницата на пазарот на мало во овој регион се должи на актуелниот туристички период во овие два града.

По Охрид и Струга, висока цена лубеницата држи и во Велес (20 денари), по што следи Гевгелија (17 ден.) Крушево (16,25 денари). Во скопска Гази Баба можело да се купи лубеница по 15 денари просек, а најевтино на пазарот на мало се наоѓа во Делчево и Битола по цена од 10 денари.