БЕНЗИСКИ СТАНИЦИ

Македонските дистрибутери на нафта добиваат нов конкурент

Грчката Coral S.A отвори своја подружница во земјава со што стана официјален сопственик на лиценцата за брендовите Shell и во Македонија.

Извор: google

Грчката Coral S.A отвори своја подружница во земјава со што стана официјален сопственик на лиценцата за брендовите Shell и во Македонија.

Договорот вклучува поддршка и трансфер на “know-how” поврзани со горивата, примена на нови технологии, воспоставување услуги и маркетинг со високи стандарди. Компанијата веќе работи со 2 бензински станици под брендот Shell кај Смоквица, на автопатот “Пријателство” близу границата со Република Грција.

Овој долгорочен договор со Coral ќе му обезбеди на локалниот пазар висококвалитетни горива и масла на Shell, одлична услуга за клиентите и низа производи за секојдневна употреба, како и дополнителни услуги дизајнирани да ги задоволат потребите на сите возачи и други клиенти.
Достапни во целата малопродажна мрежа од бензински станици се водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel.

Со околу 750 бензински станици кои работат под брендот Shell, компанијата има удел на грчкиот пазар и ја поседува лиценцата Shell за пазарите Кипар, Србија и Хрватска. Компанијата има за цел да расте како регионален играч на Балканот, обезбедувајќи горива и услуги со врвен квалитет под брендот Shell.

Бонус видео…