„ТРИ ДЕНАРА, ДРУЖЕ“

Горивата поскапеа два пати во текот на оваа недела, дизелот за 3 денари

Откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на одлуката со законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото.

Извор: google

Откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на одлуката со законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизи.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од денес се зголемија за половина денар за литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 05.04.2021 година.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 3 денари за литар во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 13,50 денари за литар, a на мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво.

Максималната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 67,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-95 на бензинските станици се продава по цена од 69,50 денари за литар. Еуродизел БС и екстра-лесното масло за домаќинство ќе можат да се набават по цена од 58 денари за литар.

Бонус видео…