Извор: google
Народната банка објави оглас за јавна набавка на кој се бара фирма што ќе печати нови денари. Вредноста на парите е во износ од 693 милиони евра.
Избраната компанија ќе треба да испечати 20 милиони банкноти во вредност од 100 денари, 20 милиони денари во банкнота од 1000 денари и 10 милиони банкноти во 2.000 денари.
Сепак, како што велат извори од банкарските кругови, во моментов нема недостаток од пари, не треба да има страв за инфлација, туку се работи за редовна замена, обновување на дел од банкнотите кои се оштетени.
Периодот на пуштање на новите банкноти е подолг, зависно од временската потреба за замена.