СПОРЕДБА НА УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ

Зголемување на цените на алкохолот, лебот и печените меса во кафаните

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2021 година, во споредба со февруари 2021 година, останал на исто ниво.

Извор: unsplash

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2021 година, во споредба со февруари 2021 година, останал на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во март 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3 %, додека во однос на декември 2020 година остана на исто ниво.

Индексот на алкохолните и безалкохолните пијалоци во март 2021 пораснал споредено со истиот период лани, додека кај храната, печените меса и салатите бележат исто така зголемување. Значително намалување се гледа во групата ноќевања.