ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

Во втората половина на 2020-та струјата поскапела за 7,4%

Државниот завод за статистика објави податоци за втората половина од 2020 година, според кои просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5.144 денари по KWh, што означува раст од 7.4 % во споредба со првата половина од минатата година.

Извор: unsplash

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи се движи од 3.330 до 7.160 денари по KWh по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 29.945 денари по nm3.