Извор: google
Оценете ја професионалноста, учтивоста и комуникацијата на полицискиот службеник при запирање на Вашето возило. Дали сметате дека градот и автопатот ќе станат побезбедни за возилата и пешаците сега кога полицискиот службеник носи камера и го снима контролирањето на запрено возило? Дали сметате дека Вашите права се заштитени сега кога полицискиот службеник носи камера и го снима контактот? Дали е подобрено Вашето искуство при контакт со сообраќајната полиција откако е воведен мобилниот систем за снимање со камери?
По воведување на системот за снимање со камери, Министерството за внатрешни работи сега и со анкета до граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери, а со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем.
Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД. Како што појаснуваат од МВР во соопштение, проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување.
Eден од начините на оценување е преку директно кликање на следниот линк.
Што мислат граѓаните за сообраќајната полиција? Дали се задоволни од односот кон нив или не? Знаеме ли однапред за кого овие униформирани лица се мајка, а за кого маќеа?