Проектот sporedi.me е проект на невладиното здружение Алтруист – Скопје. Полето на интерес е информирањето на потрошувачот под мотото: „Потрошувачот има право да знае”.
Извор: архива
Промена на каматните стапки во февруари 2021 во однос на јануари 2021:
- Охридска Банка АД Скопје – продолжен е периодот на важење на промотивните каматни стапки од 16.01.2021 до 31.03.2021 година.
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – продолжен е периодот на важење на промотивните каматни стапки до 28.02.2021 година.
Промена на останати трошоци за станбен кредит во февруари 2021 во однос на јануари 2021:
- НЛБ Тутунска Банка АД Скопје – без трошок за процена на имот и без трошок за одобрување промотивно до 28.02.2021 година.
- Охридска Банка АД Скопје – воведен административен трошок од 1% до 1,50 % од износот на кредитот во зависност од клиентската група.
- Силк Роад АД Скопје – без трошок за процена на имот и 0% за администрирање на кредитот промотивно до 30.06.2021 година.
- Централна Кооперативна Банка АД Скопје – без трошок за процена, без провизија за одобрување и без нотарски трошоци (до 30.000 мкд) промотивно до 28.02.2021 година. Воведен трошок за администрирање на кредит од 0.9% од износот на кредитот и 2.000 мкд надомест за изработка на правно мислење.
Табелата со детални пресметки може да ја видите тука.