Извор: google
До konkurencija.mk пристигнаа многу поплаки од граѓани кои се обиделе да стапат во контакт со нотарската канцеларија на дотичната Снежана Видовска, нотар од Скопје.
Konkurencija.mk после кратко истражување дознава дека нотарката во првите две недели од месец јануари оваа година, за време на новогодишните и божиќни празници, видно уморната Снежана, самоиницијативно и без одобрение од Министерството за правда ја затворила канцеларијата, односно ги споила празниците и поради тоа, нејзината канцеларија не работела.
Информација до потрошувачите:
Konkurencija.mk нагласува дека нотаријатот е јавна служба чие работно време и начин на работата со странки е регулиран со закон од страна на Министерство за правда и при тоа за било какво неработење, затворање, недостапност и било каква друга измена потребна е согласност од Министерството за правда.
Со ваков гест на самоволие од одредени нотарски канцеларии се манифестира:
- НЕпочитување на работењето на Министерството за правда
- НЕпостоење на систем за контрола
- НЕпочитување на закон односно демотивација и потсетување на населението дека живееме во општество без стандардни државни сервиси и услови за живот
Извор: архива
Грешките и неовозможувањето на нотарските услуги кон граѓаните треба да бидат најстрого казнувани. Повторувањето на неколку слични грешки би требало да го доведе до прашање одреденото санкционирање, па дури и одземањето на дозволата за работа.
Во спротивно, зошто би постоеле Министерствата?
Ние се обидовме да ја исконтактираме нотарската канцеларија, но без успех.
Јавните службени телефонски броеви на никогаш доволно одморената нотарка беа недостапни.
Konkurencija.mk ја уверува јавноста дека зад сите свои објави и текстови 100% стојат приговорите на потрошувачите и секој оној кој што смета дека нашите текстови се тенденциозни или неточни може да ги демантира, преку конкретни докази.
Нашата цел на делување и постоење можете да ја прочитате во заложбите на невладиното здружение Алтруист – Скопје.