Извор: facebook
Во последните неколку дена како гром од ведро небо одекна веста за купопродажбата на Рамстор од страна на нашиот стопанственик Ајдован Адемоски.
Сите веб портали во државата, со воодушевување, едни од други ја копираа веста за најуспешната зделка во првиот месец на 2021, која звучеше вака:
Претседателот на Македонско-Турската стопанска комора во Македонија (МАТТО), почесен конзул на Турција, сопственик на Трговскиот центар Капитол Мол и Хотел Хилтон во Скопје, Ајдован Адемоски го купи Рамстор Македонија
Меѓутоа, ние од konkurencija.mk сакаме работите да ги гледаме од вистинскиот агол и јавноста да ја информираме преку реалната слика без вклучен beauty mode, па затоа го поставивме прашањето:
Како еден стопанственик со превисока кредитна задолженост заради изградбата на Double Tree Хилтон хотелот, кој речиси 1 година не работи заради пандемијата Covid-19, успеа да превземе бизнис од рангот на Рамстoр супермаркетите заедно во пакет со Трговскиот Центар во центарот на Скопје?
Кој е сокриен во „тројанскиот коњ“ на Ајдован? Кој стои зад оваа зделка?
Извор: google
Согласно нашите информации, таму се крие безрезервната финансиска поддршка на Халк Банка Скопје. Имено, за целата операција на нашиот бизнисмен Ајдован стои новоодобрениот голем кредит со кој е купен Рамстор Македонија.
Не би било ништо спорно доколку не станува збор за пари на штедачите на банката, чии што пари очигледно преку политичко-национални интерси, конекции и структури се одобруваат на бизнисмени со турска националност.
До крајот на минатата 2020 година бизнисменот Адемоски беше максимално задолжен во банката, при што банката одлучува наспроти секоја нормална банкарска логика, одлучува да направи трампа, т.е. му ја затвора старата кредитна изложеност откупувајќи го неговиот објект „City Plaza“ (една половина од зградата) за рекордна цена од 23 милиони евра.
Напоменуваме дека Халк Банка има своја зграда за дирекција, на само 200 метри.
Се поставува прашањето, зошто Халк Банка би го направила овој чекор, освен ако нема некоја политичка позадина, бидејќи како што е општо познато, господинот Ајденоски е конзул во Македонија, а Халк Банка е сопственост на турската Халк Банка, која пак е во соптвеност на државата Турција. Конекциите од овој тип се исто така нормална појава во бизнис светот, но чии се парите?
На овој начин Халк Банка го купува деловниот центар „City Plaza“ заедно со постојаните кираџии, кои имаат вклучени долгогодишни договори за закуп со претходниот сопственик, бизнисменот Ајденоски, кои не можат да се раскинат без дополнителни оштети.
Па така Халк Банка, и покрај тоа што поседува дирекциска зграда во самиот центар на градот, истата не може да ги извршува своите деловни активности во новокупениот/новотрампениот објект бидејќи е должна да ги испочитува претходно договорените облигациски договори со постоечките закупци.
За појаснување и информирање на нашите читатели, тука е потребно да Ве известиме дека, согласно Законот за банки:
(1) Банката не смее да вложува и да се стекне со земјиште, згради и опрема кои не ги користи за извршување на финансиските активности, освен оние стекнати врз основа на ненаплатени побарувања.
Извор: извадок од законот за банките
Законот ни дава за право да им се обратиме на НБРМ.
Каде се регулаторите (читај НБРМ) да го контролираат ова незаконие? Или повторно ќе биде како во случајот на Еуростандард банка со нивната изјава: “ние алармиравме многу пати, но касно превземавме конкретни мерки”.
Загрижувачка мисла:
Зградата и кредитите за купување на Рамстор маркетите и трговскиот центар, произвлегуваат само од еден извор на средствата, а тоа се штедните влогови на македонските граѓани и компании!
Утешна мисла:
Искрено се надеваме, ако дојде до потребна исплата на орочените средства на Халк банка, наместо пари штедачите да ги исплаќаат со квадратни метри или дуќани во City Plaza.