Извор: google
Кога ќе влезете во продавница со детска гардероба очекувате хигиената и подреденоста да биде на завидно ниво, затоа што купувате за своето најмило (бебе, дете), а особено ако влегувате во познат светски бренд како што е ZARA Kids, член на светската INDITEX групација.
Можеби COVID-19 е крив?
Во сосема регуларен ден, без некои особени гужви и без дополнителни попусти во City Mall, во продавницата ZARA Кids немаше ниту еден вработен на кого би можеле да му се обратите за помош.
Продавницата беше во лоша состојба и невиден хаос. Дали кризата ги натера да „штедат“ на придонесите на вработените не знаеме, но единствените вработени кои беа присутни во детскиот дел, беа само вработените на касите за наплата, по се изгледа дека наплатата им е најважна.
Најверојатно дека INDITEX GROUP сериозно се судира со пад на прометот, заради Covid-19 катаклизмата кај нас и во светот, па од таа причина ги отпуштија и малкуте вработени што ги имаа?
Извор: архива
Или евентуално локалната „способна“ менаџерска екипа ги убедува шпанците, во централа Загреб, дека во нашите македонски продавници можат да фунционираат без персонал.
Погледнете ги сликите од продавницата на ZARA Кids, од 16 Јануари 2021 година, во прилог: