Извор: архива
Љубителите и поданиците на холандскиот моден бренд G-Star сигурно се добро запознаени дека овој моден бренд во Македонија е застапен преку двата увозника на две локации во City Mall.
Првиот увозник на брендот G-Star во Македонија е фирмата BEOSPORT која е лоцирана на приземјето во City Mall. Подоцна е застапен и во понудата на FASHION&FRIENDS кој е лоциран на првиот кат во истиот трговски центар.
Во двете продавници често може да се забележат исти парчиња гардероба од истите стари и нови колекции кои се дел од понудата на G-Star брендот. Па така преку фотографијата која е направена од потрошувач можете да видите дека цените не се исти. Имено, истата маица е со скоро дупло повисока цена во FASHION&FRIENDS. Единствената разлика е само основната боја на маицата. Дали станува збор за стара и нова колекција не знаеме, но се надеваме дека двете конкурентски фирми ќе ги ускладат цените кон македонскиот потрошувач и стандард.
Инаку G-Star е холандски моден бренд основан од Jos van Tilburg во Амстердам во 1989, модните парчиња се одликуваат најмногу со војнички дезени и модели, со карактеристични армиски кроеви со џебови и други детали. Во светот G-Star е застапен на повеќе од 6500 продажни места. Во 2016 брендот доживува уште поголема популарност заради Pharell Williams кој станува ко-сопственик и промотер на линијата G-Star RAW.