ОД МИНИСТЕР ДО ГАЗДА НА БОЛНИЦА

Професорката прашува: Како од 260.000 евра се доаѓа до приватна болница?

Според податоците на Open Data Macedonia, во 2016 година, Незири пријавил имот вреден 260 илјади евра. Деведесет и девет проценти од имотот се на негово лично име, и тоа: стан, деловен простор и земјиште во Скопје, три кредити, два приходи од кирија и еден заем. На име на неговата сопруга е пријавено само моторно возило Пежо 308. Како од 260000 евра се доаѓа до приватна болница?

Извор: google

Професорката Мирјана Најчевска во нејзиниот најнов статус на Facebook прашува: Како Незири со пријавен имот од 260.000 евра успеал да поседува приватна болница?

Беким Незири, поранешниот министер за економија, кој на министерското столче седна во 2014 година, оваа година ќе биде носител на листа на ДУИ во изборна единица 3.

На функцијата министер Незири доаѓа од позицијата директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Претходно тој бил директор за економски и правни работи во МАНАВ.

Според податоците на Open Data Macedonia, во 2016 година, Незири пријавил имот вреден 260 илјади евра. Деведесет и девет проценти од имотот се на негово лично име, и тоа: стан, деловен простор и земјиште во Скопје, три кредити, два приходи од кирија и еден заем. На име на неговата сопруга е пријавено само моторно возило Пежо 308. Како од 260000 евра се доаѓа до приватна болница?

Беким Незири – сопственик на приватна болница. Ова се вика македонски сон.
Од каде почнал, како ги заработил парите, како го избегна кривичниот прогон, и како дојде до тоа дипломатскиот кор во Македонија да аплаудира на криминалот и корупцијата и неказнивоста и партиската мафија?
Една држава може да издржи и да остане правна и демократска, еден Љубе, и Грујо и еден Незири и Мијалков и еден Бучко и Артан и еден Анѓуш, и еден Мицко и еден … ама сите нив, навистина не може да ги издржи.
Само нашиве граѓани можат да издржат. Изгледа баш такви си ги сакаат. И никакви поинакви.
Да имавме истражувачко новинарство можеби ќе имавме и стории. Вака … имаме медиумско покривање на настан.

Извор: google