Во третата епизода на емисијата “7 минути“ под мотото ЕДЕН ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ДРВО го засадивме третото дрво во Општина Аеродром. Донаторот на новото дрво беше фирмата МИДА ГРАНД МОТОРС, а мотивација и друштво му правеа нашите водители Ања ДРАМА и Симон СПОРТ.
Пред заминувањето на РК Вардар за Келн, Германија направивме тест припреми со ракометарот Мартин Поповски од Штип, десното крило на ракометниот клуб Вардар, при што заклучивме дека е во добра кондициона форма.
Голема благодарност до МИДА ГРАНД МОТОРС и Мартин Поповски за општествената одговорност и подигнување на еко свест.