Извор: google
Конзумација на само 150 грама месни производи неделно може значително да го зголеми ризикот од развој на срцеви заболувања и предвремена смрт, сугерираат канадски научници.
Нивните анализи се насочени кон преработеното месо кое се произведува на таков начин што рокот на траење му се продолжува со пушење, солење, сушење или додавање на конзерванси.
Студијата открива дека консумирањето на само 150 грама месни производи неделно резултира со 46% поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести и 51% поголем ризик од предвремена смрт во споредба со податоците за исхраната на луѓето кои не консумираат преработено месо, се вели во студијата на Институтот за истражување на срцеви, васкуларни и мозочни заболувања во канадскиот град Хамилтон.
Нивните тврдења ги споредуваат со пример, две колбаси неделно. Студијата исто така покажа дека конзумирањето умерени количини на необработено месо, како говедско, свинско или мисирка, имало неутрален ефект врз здравјето.
Совет: Практикувајте да конзумирате чисто месо, а избегнувајте ги индустриските преработки на месни производи.
Бонус видео…