Извор: google
Богатството на 20-те најбогати милијардери во светот за време на пандемиската година се зголемило за 742 милијарди долари. Но, богатството пак на сите милијардери во светот пораснало за 4.000 милијарди долари, објавува Извештајот на Институтот за политички студии (ИПС).
Од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година, богатството на 2.365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4.000 милијарди долари, додека пак кај 20-те најбогати милијардери изразено во проценти е зголемување за 68%.
Во извештајот се наведува дека овие пари можат да помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирусот и дека можат да бидат доволни за да се купат насекаде вакцини против Covid-19 и тоа за сите. Но, очигледно дека мултимилијардерите не размислуваат така.