ДОКАПИТАЛИЗАЦИЈА

Загубата од 7,1 милијарди евра од пандемијата, „Air France“ ќе ја покрива со помош на ЕУ

Европската комисија одобри помош од четири милијарди евра за „Air France“ за докапитализација на авиокомпанијата, која е во криза поради пандемијата.

Извор: google

Европската комисија одобри помош од четири милијарди евра за „Air France“ за докапитализација на авиокомпанијата, која е во криза поради пандемијата.

Kомпанијата претходно објави загуба од 7,1 милијарди евра (8,4 милијарди американски долари) за 2020 година бидејќи нејзината деловна активност, како и останатите светски авиокомпании, беше тешко погодена од пандемијата и рестрикциите.

За возврат на помошта од Европа, „Air France“ се обврза да отстапи слотови на пребукираниот аеродром во Париз.

Ова ќе им даде можност на конкурентските превозници да ги прошират своите активности на овој аеродром. Се работи за 18 термини за слетување и полетување, кои се дадени на други компании.

Ривалската авиокомпанија „Ryanair“ дава остра критика за државните субвенции и помош за француската авиокомпанија, велејќи дека тоа ја нарушува конкуренцијата. Ирскиот нискобуџетен превозник долго време се спротивставуваше на поддршката која се дава, а честопати е поддржан и од Брисел.

Бонус видео…