БЕРЗИ

Загрижувачки најави ги „слизнаа" европските и американските берзи

Индексите на акциите на Wall Street во вторникот ги загубија сите добивки од претходниот ден бидејќи инвеститорите беа загрижени за плановите на владата за зголемување на даноците со цел да ги финансира фискалните стимулации и новите инвестиции во инфраструктурата.

Извор: google

Индексите на акциите на Wall Street во вторникот ги загубија сите добивки од претходниот ден бидејќи инвеститорите беа загрижени за плановите на владата за зголемување на даноците со цел да ги финансира фискалните стимулации и новите инвестиции во инфраструктурата.

Dow Jones ослабе 308 поени или 0,94 проценти на 32.423 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,76 проценти на 3.910 поени. Индексот Nasdaq падна за 1,12 проценти на 13.227 поени.

Падот на индексот е последица на коментарите на министерката за финансии која изјави дека американската економија сè уште е во криза поради пандемијата на вирусот, како и поради нејзината одбрана на плановите за идно зголемување на даноците за финансирање на неодамна прифатените фискални стимулации во вредност од 1,9 трилиони долари и на новите инвестиции во инфраструктурата.

По големиот пад на почетокот на пандемијата, S&P 500 и Dow Jones пораснаа за околу 80% во изминатата година, додека индексот Nasdaq, благодарение на силниот раст на технолошкиот сектор, е двојно поголем. Затоа инвеститорите се плашат дека акциите се преценети и дека нивните цени ќе паднат, особено што приносите на американските државни обврзници растат во последните неколку недели.

Извор: google

Акциите на технолошките компании се особено чувствителни на раст на приносот бидејќи нивната вредност се базира на идната заработка, па затоа стануваат помалку привлечни како што растат приносите на обврзниците. Во повеќето сектори, цените на акциите паднаа вчера, најмногу во енергетиката, како резултат на падот на цената на нафтата за повеќе од три проценти, бидејќи трговците стравуваат дека побарувачката за нафта ќе се опорави побавно отколку што се очекуваше поради новото затворање во Европа.

Цените на акциите паднаа и на повеќето европски берзи вчера. Лондонскиот индекс FTSE падна за 0,40 проценти, на 6.699 поени, парискиот CAC 0,39 проценти, на 5.945 поени, a фрранкфуртскииот DAX, пак, зајакна 0,03 проценти на 14.662 поени.